1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

(ВИДЕО) Силен пожар беснее во Калифорнија

Подгреан од екстремните горештини и сувите шуми, пожарот што започна во петокот се приближи на една милја од градот Марипоса Пајнс, со население од 1.400, но сепак е на повеќе од 10 милји од Јосемити, познат по своите џиновски древни секвои.

Од вчераутро, пожарот изгорел 5.780 хектари, повеќе од половина од големината на Париз, и бил целосно надвор од контрола, соопшти Калифорниското одделение за шумарство и противпожарна заштита (Cal Fire). Издадена е наредба за задолжителна евакуација на повеќе од 3.000 луѓе. Се советува евакуација за уште 2.000 луѓе, што значи дека можеби ќе треба да ги напуштат своите домови наскоро, изјави портпаролот на Cal Fire.

„Пожарникарите биле успешни во воспоставувањето огнени линии на западната страна на пожарот, но огнот се шири и на исток кон градот Марипоса Пајнс во правец на Јосемити, рече Џастин Макомб, шеф на операциите.

Јосемити, на еден час возење од округот Марипоса, е дом на некои од најголемите и најстарите црвени дрва во светот. Дрвата биле во опасност од уште еден пожар на почетокот на овој месец, но пожарникарите успеале да ги спасат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести