7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Падна и првата жртва на големиот пожар во Словенија

Падна и првата жртва на големиот пожар во Словенија,  се работи за 56 годишна жена која настрадала откако синоќа  паднало дрво врз неа.

Во Словенија, долж границата со Италија, пожарот досега зафатил повеќе од 2.000 хектари.

На мештаните од три села во атарот на пожарот (Војшчица, Темница и Роман), каде живеат околу 400 жители, им е наложено да се евакуираат, иако огнот е доста далеку од самите населени места, но областа е опасна поради густ чад, пренесуваат агенциите.

Словенија се бори со најголемите пожари од осамостојувањето во 1991 година, во чие гаснење учествуваат повеќе од 1.000 пожарникари, а помагаат и хеликоптери од Австрија, Хрватска и Словачка.

Во Европа пожари имаше или уште има во Франција, Шпанија, Италија, Грција и други земји.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести