Над 300 словенечки пожарникари се борат со новиот пожар кој денеска од Италија „дојде“ во областа Карст, а во тек е евакуација на населението од селото.
Како што пишуваат словенечките медиуми, на местото на настанот излегле и министерот за одбрана Маран Шарец и началникот на цивилната заштита Сречко Шестан.
Пожарот од италијанска страна се проширил кон Словенија и покрај обидите за гаснење од воздух, во кои учествувале три словенечки и два италијански хеликоптери.
Најтешка е ситуацијата во општина Добердоб, која се наоѓа веднаш до словенечко-италијанската граница, пренесе Хина.
