7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Извршен увид на опожарено возило на пратеник во Прилеп

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место на локацијата каде во текот на ноќта беше опожарен автомобил во сопственост на пратеник во Собранието на Република Северна Македонија.

По наредба на јавниот обвинител беа подигнати траги од лице место кои ќе се вештачат со цел да се утврдат причините за инцидентот. Јавниот обвинител издаде и наредби за обезбедување на евентуални снимки од видео надзорот на околните објекти во критичниот момент на опожарување на возилото.​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести