16.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија

Македонија не почнува преговори, се е фарса на СДСМ и ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Устав и целосна бугаризација на државата. Власта нема 2/3 и нема да има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека преговарачката рамка мора да се смени.

– Од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија. Бугарија не го признава нашиот јазик, ниту нашето малцинство во Бугарија, а бара влез на Бугарите во Устав во Македонија. Каде е тука реципроцитетот? -прашуваат тие.

Во соопштението се додава дека  Македонија е ставена во нееднаква положба во однос на Бугарија.

– Заради предавникот Ковачевски проблемот на Бугарија со Македонија сега е проблем на ЕУ со Македонија. Предавникот Ковачевски ја стави државата во потчинета положба, и за тоа мора да има одговорност, истакнаа од партијата.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести