7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Рекордни топлотни температури низ Франција и Британија

Рекордите беа срушени во Брест, Сен Бри и Нант на запад и во Бискарос на југозапад, „најтоплиот ден на овој топлотен бран“. Според податоците на метеоролошката служба, во 17 часот термометарот достигнал 39,3 степени Целзиусови во Брест, каде претходниот рекорд беше од август 2003 година од 35,1 степени Целзиусови.

Во Сен Бриук беше 39,5 степени Целзиусови, во Нант 42 и во Бискаросе 42,6 Целзиусови степени.

Велика Британија би можела да го има најтоплиот ден во историјата оваа недела бидејќи се очекува живата да достигне 41 Целзиусов степен.

Денеска беше 38,1 степени во Сантон Даунхам, Сафолк. Метеоролошката канцеларија издаде црвено предупредување за денеска и утре за поголемиот дел од Англија, од Лондон до Јорк и Манчестер.

Највисоката температура досега, забележана во Обединетото Кралство е 38,7 степени Целзиусови во Кембриџ во 2019 година.

Светот веќе се загреа за околу 1,1 степени Целзиусови од почетокот на индустриската ера, а температурите ќе продолжат да растат доколку владите ширум светот не одлучат за поамбициозни намалувања на емисиите на јаглерод, предупредуваат експертите.

Климатологот Јунис Ло од Универзитетот во Бристол за Би-Би-Си изјави дека „повисоките температури се знак за климатски промени“ и дека 2.000 смртни случаи годишно во Велика Британија може да се припишат на топлотните бранови.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести