8.8 C
Skopje
сабота, ноември 21, 2026

Хан: Во Словенија има доволно гориво, нема страв дека ќе снема и јавноста може да биде мирна

Словенечкиот министер за економија Матјаж Хан во понеделникот изјави дека инспекторите ја проверуваат работата на бензинските пумпи, иако дистрибутерите на нафта велат дека повремениот недостиг на некои горива во последните денови не е сериозен знак дека трговците чекаат нови, повисоки малопродажни цени.

„Во Словенија има доволно гориво, нема страв дека ќе снема и јавноста може да биде мирна“, рече Хан на прес-конференција.

Коментирајќи ја големата побарувачка и гужвите на бензинските пумпи во последните неколку дена, пред поскапувањето кое ќе стапи на сила од вторник, Хан рече дека побарувачката на гориво за неколку дена е двојно зголемена. Тоа што на некои бензински пумпи немаше ниту дизел, ниту бензин, па тие се привремено затворени, е последица на логистичките проблеми и големиот транзит на туристи и превозници низ Словенија, рече тој.

„Резервите на стоковната нафта се полни, но во моментов нема потреба да се пласираат на пазарот бидејќи нема сериозни нарушувања на пазарот“, рече Хан.

Доволно гориво треба да обезбедат дистрибутерите кои моментално се соочуваат со логистички проблеми при испораката.

И покрај тоа, и поради критиките на јавноста дека дистрибутерите создаваат вештачки недостиг во очекување на значителен пораст на малопродажните цени што ќе стапи на сила во вторник, Хан рече дека инспекциските служби на терен проверуваат дали се појавиле неправилности.

Доколку се покаже дека законот не се почитува, инспекциските служби ќе постапат, рече Хан.

Недостиг на гориво има на голем број станици, особено на дизелот, изминативе денови поради налетот во пресрет на вторник, кога престануваат регулираните цени, по кои малопродажната цена на безоловен бензин е фиксирана на 1,56 евра, а на дизелот гориво по 1,668 евра за литар.

Според проценките, од полноќ бензините ќе се продаваат за најмалку 1,74 евра, а дизелот за 1,81 евро за литар.

На станицата покрај автопатот каде формирањето на цените е целосно либерализирано, цените би можеле да бидат уште повисоки, јавуваат словенечките медиуми.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести