1.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Дали снимките покажуваат дека вториот човек на БЈБ ослободил лице кое пукало врз полиција? Спасовски молчи и прикрива криминалци

 Соопштение до јавноста од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија со власта на СДСМ и ДУИ живее како во мафијашки филмови. Власта на СДСМ и ДУИ и МВР на Оливер Спасовски се обидуваат да прикријат дека висок функционер во МВР  кој заштитувал лице што учествувал во вооружен напад врз полиција. Спасовски и МВР молчат за каубојската престрелка која се случила во Чаир, во која лице осудено на затворска казна пука врз полицијата, а потоа е ослободен по интервенција на Ариф Асани функционер на ДУИ и втор човек во БЈБ.
И овој случај никој немаше да дознае, ако не излезеше снимка на социјалните мрежи по која Оливер Спасовски и МВР треба да одговорат дали лицето  во сина кошула од јавно објавената снимка  е Ариф Асани, заменикот директор на БЈБ?
Дали заменик директорот на Бирото за јавна безбедност е снимен од камерите како трча кон полициските службеници, а тие по разговор со него го пуштаат да замине лицето кое ја нападнало полицијата?
Власта на СДСМ и ДУИ наместо да ја штити безбедноста на граѓаните и службените лица, се грижи за безбедноста на криминалците и мафијашите. Затоа криминалот царува, а мафијашите се чувствуваат сигурно.
Ова мора да престане. Што уште треба да се случи Оливер Спасовски да понесе одговорност.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести