Во последните 24 часа се направени 1768 тестирања, а регистрирани се 127 нови случаи на ковид-19, и тоа 38 во Скопје, Куманово-23, Дебар-1, Штип-3, Прилеп-15, Тетово-8, Струга-2, Велес-5, Битола-1, Охрид-1, Кавадарци-1, Гостивар-12, Струмица-1, Пробиштип-3, Пехчево-2, Берово-3, Виница-1, Делчево-3, Свети Николе-3, Неготино-1.
Во Скопје и понатаму општини со најмногу активни случаи се Чаир, Гази Баба и Аеродром. Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје):
• Чаир – 117
• Гази Баба – 108
• Аеродром – 104
• Карпош – 95
• Центар – 94
• Кисела Вода – 94
• Ѓорче Петров – 67
• Бутел – 68
• Шуто Оризари – 38
• Студеничани – 20
• Сарај – 23
• Арачиново – 18
• Илинден – 13
• Сопиште – 7
• Чучер Сандево – 7
• Петровец – 8
• Зелениково – 4
• Странец – 4
• Нераспределен – 3
