2.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

Милошоски: Бараме Ковачевски да се појави пред пратениците во Собранието и да ги достави нацрт-документите кои Владата ги договара со Софија

Денешната прес конференција би сакал да ја искористам за да Ве известам за едно обраќање од пратениците до премиерот Ковачевски.

Имено, денес испративме барање до премиерот Ковачевски во текот на месец април да се појави пред Комисијата за надворешна политика и да ги достави нацрт-документите за кои што Владата  на Македонија ги договара со официјална Софија, за да можеме во еден заеднички и инклузивен процес да ги разгледаме овие прашања кои се важни во македонско-бугарските односи, а исто така се важни и за евроинтеграциите.

Ова го баравме од премиерот Ковачевски бидејќи самите по кодексот на Владата напоменуваа во членот 1 дека носителите на извршни функции редовно ќе даваат отчет пред Собранието, но исто така и го бараме врз основа на членот 68 од Уставот каде што Собранието има уставна надлежност да врши политичка контрола над извршната власт.

slika1 07042022.jpg

На крајот на краиштата, македонско-бугарските односи и најважните документи во овие билатерални релации, како што е договорот за добрососедство, веќе имаме установена пракса од 2017 година кога тогашниот премиер со високи претставници од МНР побара да имаме седница на Комисијата за надворешна политика и истата да биде затворена и на барање на пратениците, таа се случи каде што се разгледа нацрт-договорот за добрососедство потпишан во 2017 година помеѓу Македонија и Бугарија.

slika2 07042022.jpg

Очекуваме позитивен одговор од премиерот Ковачевски, доколку вистински се залага за принципите за инклузивност, на отчетност и на заедничко работење на сите институции, вклучително и на пратениците како народни избраници, за доброто на државата да поразговараме на една седница за најновите нацрт-документи кои што Македонија веќе ги преговара со официјална Софија.          

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести