16.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Преку половина милион луѓе се вратиле во Украина

„Минатата недела 144.000 луѓе ја напуштија Украина, а дојдоа 88.000. Вкупно околу 537.000 наши сонародници се вратија во Украина“, соопшти Министерството, повикувајќи се на податоци од Државната гранична служба.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци во саботата регистрираше 4.176.401 Украинци кои ја напуштиле земјата од почетокот на инвазијата на 24 февруари, што е за 38.559 повеќе отколку во извештајот претходниот ден. Европа не доживеала ваков бегалски бран од Втората светска војна.

Украина пред конфликтот имаше повеќе од 37 милиони жители

Меѓународната организација за миграција додаде дека околу 205.500 не-Украинци ја напуштиле Украина, од кои некои се соочиле со тешкотии кога сакале да се вратат во земјата. Вкупно, повеќе од 10 милиони луѓе, повеќе од една четвртина од населението, мораа да ги напуштат своите домови, за да се засолнат во некоја од соседните земји или со преселување во друг дел на Украина.

Пред конфликтот, Украина имаше повеќе од 37 милиони жители во областите контролирани од Киев – не вклучувајќи го Крим (на југ), кој Русија го анектираше во 2014 година, или делови од истокот окупирани од проруските сепаратисти истата година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести