Пејачката Катарина Каја Остојиќ (38) и фудбалерот Матео Павловиќ (31) потрошиле 1.600.000 евра за два имота. Летото решија да ја официјализираат врската, што ќе и биде четврти брак.
Пејачката и хрватскиот фудбалер заштедата ја потрошиле на стан во Амиен во Франција кој го платиле 1.250.000 евра, а купиле и куќа на Космај за 350.000 евра.
Извор за српсктие медиуми изјавил дека Каја и Матео веќе три години живеат во Франција.
Тој наведува дека минатата година сте се преселиле во Амиен, гратче во близина на Париз, каде Матео настапува за истоимениот клуб.
Пејачката изјави дека отсекогаш сонувала да живее во Франција.
„Имавме среќа да земеме стан во импозантна зграда од 18 век. Пресреќна сум што живеам во толку убава зграда“, вели Каја.
Каја и Матео планираат свадба на лето. За пејачката тоа ќе биде четврти брак. На 19 години се омажи за Никола Драгојловиќ и ја доби ќерката Николина.
Потоа, во 2009 година се омажи за кошаркарот Урош Дувњак, а се разведе на крајот на 2010 година. Во 2014 се омажи со диџејот Џуниор Џек од кого се разведе во 2019 година.
