Со нови 4.770 инфекции ширум земјата, синоќа се донесе одлука, градот Шенјанг да биде под „локдаун”.
Во Шенјанг, индустриски град на фабрики како производителот на автомобили – BMW, регистрирани се 47 нови случаи на вирусот. Сега на жителите им е забрането да излегуваат без 48-часовен негативен резултат на Ковид тест.
Покрај „локдаун”, Кина во борбата со вирусот користи и масовно тестирање и затворања на посебни области во градови. Во саботата, беше соопштено дека во земјата се евидентирани два смртни случаја со Ковид-19, за првпат по повеќе од година дена.
Градови како Шангај избегнаа целосно затворање, со „локдаун” на посебни згради.
