Еден од коридорите води од Мариупол, опколениот пристанишен град каде се води една од најтешките битки во војната, додека руската артилерија уништила добар дел од градот.
Бегалците од Мариупол треба да отпатуваат во блискиот град Бердјанск, каде што ќе добијат помош и ќе го продолжат патувањето со автобуси.
Верешук рече дека се формирани четири коридори во областа Луганск на истокот на земјата, каде што се водат тешки борби.
Другите коридори треба да им овозможат на цивилите да излезат од селата и градовите околу Киев.
