8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Цената на гасот во Европа достигна ново рекордно ниво поради војната во Украина

Цената на гасот во Европа достигна ново рекордно ниво поради војната во Украина.

Во еден момент, цената на гасот во Европа надмина 2.000 долари за илјада кубни метри за прв пат од 21 декември 2021 година.

Цената на најблиските (априлски) фјучерси на ТТФ достигна 2.011 долари за илјада кубни метри, додека во вторник тргувањето заврши на 1.418 долари, покажуваат податоците на берзата „ICE фјучерс“.

Претходно, цената на бензинот во Европа порасна за 29 отсто од блиску до 1.700 долари во вторникот.

Пред само неколку дена заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев најави дека ќе има ситуација со цените на бензинот што се случува вчера и денеска.

– Добредојдовте во новиот свет каде што Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за гас – рече тој.

Тој ова го изјави на својот профил на Твитер откако беше објавена веста дека Германија ќе го стави во мирување сертификацијата на рускиот гасовод Северен тек 2.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести