1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Тетовчанка лажела во полиција дека И БАРАЛЕ 50.000 ЕВРА ИЛИ ЌЕ И ГО НАПАДНАТ СОПРУГОТ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.Ш. (49) од тетовско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување на кривично дело“.

На 20.07.2019 во Полициската станица Тетово, пријавената лажно пријавила кривично дело „изнуда“, односно дека на 19.07.2019 на нејзиниот мобилен телефон била повикана од женско лице кое ѝ се заканило дека ако не ѝ исплати сума од 50.000 евра во рок од 48 часа, ќе му нанесе штета на нејзиниот сопруг, објавувајќи нешто за него.

Од преземените мерки и активности било констатирано дека Н.Ш. лажно го пријавила делото. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести