Две лица загинаа во централната германска сојузна покраина Саксонија-Анхалт.
Во северното пристаниште Хамбург, поради невремето, три лица се здобиле со полесни повреди на траект кој бил погоден од бран и ги искршил прозорците и удрил во патници.

Германската метеоролошка служба DWD издаде неколку предупредувања за пристигнувањето на бурата „Јленија“ доцна во средата и најави дека опасните услови може да траат до сабота.

Во Полска дувале ветрови со брзина до 125 километри на час и сериозно оштетиле околу 500 куќи, искршиле покриви, собориле дрвја и предизвикале прекин на електричната енергија за повеќе од 324.000 домаќинства низ земјата. Двајца работници загинаа, а двајца се повредени кога кран се превртел на градилиште во Краков.
