-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ХАОС НА УЛИЦИТЕ ВО ПАРИЗ (ВИДЕО)

Според снимките од мрежите, на Елисејските полиња може да се забележи солзавец, кој полицијата го испука за да ги растера насобраните.

https://twitter.com/ElectionWiz/status/1492517841358180357?s=20&t=2mjDJga-N0VzB0Z4OhDBRw

На видеото се гледа како граѓаните ставаат парчиња облека на лицето за да избегнат вдишување солзавец, а некои побараа засолниште во блиските бутици.

Солзавац се прошири по околните улици, така што може да се видат граѓаните како набрзина ги напуштаат градините на кафулињата и рестораните.

Се чини дека ситуацијата, покрај пукањето солзавец, засега е мирна, без претерана полициска интервенција, а насобраните граѓани аплаудираат на возилата во колоната на протестот.

Помал инцидент се случи и на Плоштадот Италија, во 13-тата област, каде што е испукан солзавец.Претходно е објавено дека на влезот во Париз се запрени многу возила, а полицијата поделила повеќе од 150 казни, објави полицијата на Твитер.

Главното барање на демонстрантите е укинување на сертификатот за вакцинација, кој е неопходен за влез на бројни јавни места и поголема помош од надлежните за сметките за струја.

https://twitter.com/Jaded42358177/status/1492520287031681025?s=20&t=A-FuPD_R_w6KphiKvAXcnA

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести