Според Фејсбук страницата на американската амбасада во Киев, ова е 14-ти лет со кој Американците испраќаат воена помош за Украина. Во соопштението се наведува дека во најновата пратка има и противтенковски ракети „Javelin“.
„САД испратија околу 1.200 тони воена опрема во јануари со одобрение на претседателот Бајден. Ова е опремата што и е потребна на Украина за да се заштити од руската агресија“, се вели во соопштението на американската амбасада.
