Лавчето кое со денови талкаше низ Будва денеска е фатено. Животното е најдено во стара куќа на пат кон населбата Крапина.
Животното беше лоцирано на вториот ден од интензивната потрага, во која беа вклучени претставници на Агенцијата за заштита на животната средина на Црна Гора, активисти, волонтери и биолози.
Лавчето безбедно е фатено и неповреден ставено во вреќа. Сега го чека ветеринарен преглед, транспорт и трајна нега во некое од засолништата или зоолошките градини.
Лавот го лоцирал полицаец, кој ги повикал претставниците на Агенцијата за заштита на животната средина кои го фатиле.
Животното ќе биде сместено во просториите на Службата за заштита и спасување додека не се најде соодветно сместување.
