8.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Во Будва побегнало мало лавче се бара насекаде

Во поканата испратена до граѓаните се наведува дека во среда во 11 часот пред седиштето на Агенцијата во Подгорица ќе се организира транспорт до Будва со цел да се пребара теренот и биолозите да го лоцираат и фатат младенчето од лав. Учеството во акцијата е на доброволна основа.

Како што се наведува, лавчето, доколку биде пронајдено, ќе биде сместено на привремено место пред да се најде трајно решение во едно од засолништата за лавови.

Кон крајот на јануари, црногорските медиуми објавија дека младенче од лав избегало од дворот на странски државјанин кој го чувал животното како домашно милениче.

Црногорската полиција тогаш соопшти дека работи „на утврдување на околностите како младенчето во сопственост на странски државјанин воопшто влегло во Црна Гора“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести