-5.2 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

На поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски ќе му се суди за набавките

На поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски ќе му се суди за набавките.  Кривичниот суд во целост го одобри обвинението поднесено против Рашковски и уште шест лица, поврзано со нелегална набавка на софтвер и перење пари.

„Обвинителниот акт со КО бр. 35/21 против Д.Р. обвинет за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овластување и Перење пари и други приноси од казниво дело и против И.Д., И.Х., Д.С., И.И., И.И. и М.С. обвинети за Злоупотреба на службена положба и овластување од КЗ, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот на 18.10.2021 година беше испратен на надлежно одлчување во Апелациониот суд – Скопје, по враќање на предметот кај Советот за оценка на обвинител акт, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост“, информираат од Кривичниот суд.

По вака одобреното обвинение, како што информираат од судот, оформен е кривично – правен предмет со КОК бр. 164/21 за кој откако, согласно АКМИС – системот, ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија и ќе биде насрочена главна расправа.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести