Кои се судските службеници што му јавиле на Министерот за правда Бојан Маричиќ каква одлука е донесена во Апелација по однос на понудената гаранција од страна на Сашо Мијалков ?
Како тие ја дознале одлуката на кривичниот совет во Апелација ?
Зошто му ги кажале на министерот и судиите како гласаче поединечно ?
Дали е тоа судска пракса ?
Дали вработени во судот смее да издаваат судски одлуки и дали со тоа го загрозуваат интегритетот на судот и судиите ?
Дали министерот во ваков случај треба да ги шири нивните информации или треба да ги пријави и против нив да покрене кривична постапка ?
Овие прашања се наметнуваат после денешното неуберливо правдање на министерот Маричиќ при неговото гостување на Утрински брифинг.
Во обид да објасни зошто се замеша во судските одлуки и зошто наведуваше имиња на судии барајќи судскиот совет да постапува против нив, Маричиќ влезе во нов проблем бранејќи судски службеници кои сториле кривично дело оддавајќи службена тајна.
⁃ имињата на судиите кои ги споменав ги дознав од луѓе внатре во судот и не велам дека тоа е правилно, изјави Маричиќ во Утрински брифинг
Тој крајно несериозно шпекулираше и во однос на причините за изречениот притвор против Мијалков.
Недолично за еден министер навлезе во материјална полемика наведувајќи дезинформации дека Мијалков бил во “бегство” па дури и “полубегство”, термин кој што не постои во ниту еден закон или правен учебник.
⁃ Кога имаше криза со обидот за бегството или полуобидот за бегство на Мијалков прстот беше вперен кон извршната власт, изјави Маричиќ

Одбраната на Мијалков веќе побара од Јавното обвинителство да покрене истрага за мешање на Маричиќ во судските одлуки.
⁃ Министерот за правда не е дел од некаква естрада за да може на начин на кој што ги искажува и пласира своите размислувања преку Фејсбук, а кои што повеќе се одраз на некаква емоција на антипатија, Јас имам такво чувство, да задира во системот на вредности кои Уставот јасно ги дефинирал. Со своето однесување, тој го повреди уставниот принцип. Нејасно е како министерот можел и од каде ги добил информациите, за тоа кој судија како гласал. На овој начин одбраната доаѓа до заклучок дека министерот имал линк со некој од судиите кои што го информирале, кршејќи ги одредбите од ЗКП,“, изјави адвокатот Љупчо Шврговски кој беше порано шеф на Обвинителството.

Доколку ЈО не покрене истрага по службена должност, одбраната на Мијалков најави дека ќе поднесе кривична пријава и за оддавање на службена тајна.
