Првиот случај на сојот омикрон на вирусот SarsCoV2 во земјава е детектиран во четвртокот кај маж кој допатувал од Велика Британија. Надлежните здравствени власти најавија дека за време на празниците не се предвидуваат нови дополнителни мерки во земјава, а вакцинацијата останува единствен излез од пандемијата.
Втор ден бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава е под 5 000. Според вчерашната ковид-статистика, од направени 3.929 тестирања, регистрирани се 280 нови лабораториски позитивни случаи на SARS CoV-2, а оздравени се 156 пациенти, информира Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје за последните 24 часа.
Регистрирани се и 10 починати лица. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се пет починати лица: по едно починато лице од Скопје (61г), Струмица (75г), Куманово (79г), Охрид (71г) и Крушево (45г), сите се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително пет лица, починати во период од 17.11-22.12.2021 година. Починатите лица се од Гостивар (2), Тетово (2) и Кавадарци (1) и се на возраст од 62г до 69г. Од нив две лица се починати во болнички, а три лица починале во домашни услови.
Од новорегистрираните случаи, најмногу има во Скопје 137, а со двоцифрени бројки следат Прилеп со 24, Охрид 18, Битола и Штип по 15, Кавадарци 13 и Гевгелија 10.
Досега во земјата се направени вкупно 1.574.100 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 223.211, бројот на оздравени пациенти е 210.475, на починати е 7.904. Бројот на активни случаи изнесува 4.832.
Дистрибуција по градови
Заболени (вкупно)
Активни случаи (вкупно)
Скопје
98035
2440
Куманово
13103
114
Тетово
11415
76
Прилеп
10739
348
Битола
9174
341
Гостивар
8081
18
Велес
7485
131
Кавадарци
7373
180
Охрид
6772
250
Штип
6739
88
Струмица
6272
137
Кичево
4308
66
Кочани
4095
45
Струга
3927
23
Гевгелија
2911
85
Неготино
2627
29
Свети Николе
2151
28
Крива Паланка
1953
44
Ресен
1859
93
Радовиш
1809
42
Берово
1477
9
Делчево
1463
31
Дебар
1457
1
Виница
1179
16
Пробиштип
1142
15
Валандово
1031
66
Кратово
789
9
Богданци
680
29
Демир Хисар
641
29
Крушево
606
12
Македонски Брод
525
18
Демир Капија
433
5
Македонска Каменица
429
11
Пехчево
357
1
Дојран
174
2
Вкупно
223211
4832
