На 4 јуни годинава, скопска апелација му го укина притворот на Драги Рашковски близок соработник и пријател наминистерот за правда Бојан Маричиќ. Рашковски тогаш понуди гаранција во висина од 500 000 евра, главно во имот кој гласи на име на неговите деца и семејство.
Рашковски, кој беше генерален секретар на владата, во првиот случај беше осомничен дека самиот од себе си набавил тотално непотребен софтвер за санкционирање на сообраќајните прекршоци, а во вториот дека си набавил опрема за биометриска идентификација која што никогаш не била употребена.
Гаранцијата што тогаш ја понуди обвинетиот Рашковски беше далеку под гаранциите кои сега се одбиваат од страна на судовите.

И покрај тоа што беше осомничен за брутална кражба на буџетот и за обид за влијание врз сведоците во процесот, ослободувањето на Рашковски не беше спорно за министерот Маричиќ. Тој на својот фејсбук профил не излезе со ниту една информација за советот на судии кој одлучувал, ниту побара судскиот совет да постапи против нив.
Очигледно кога е Rашковски во прашање, неговото ослободување од притвор, за Маричиќ е подигнување на угледот на судството. Од тогаш ниту некој знае до каде е процесот, дали е достапен Рашковски, ниту дали е воопшто финиширана или затворена истрагата.
Маричиќ дури излезе да го правда и брани Рашковски кога и покрај притворот слободно си се шеташе и покрај куќниот притвор.

Изостана реакција и кога судот го ослободуваше Зоран Милески-Кичеец. Бојан Маричиќ е единствениот министер за правда во чие време е пуштен затвореник кој усмртил човек во сообраќајна незгода.
Маричиќ и тогаш не најде за потреба да ги повика на одговорност инволвираните, вклучувајќи го и директорот на Управата за извршување на санкции на кого му е директно претпоставен. Со тоа јасно стави до знаење дека стои зад одлуката со која затвореник беше пуштен на слобода и усмрти човек. Напротив тој ја правдаше грозоморната ликвидација.

Маричиќ не застана во одбрана на судот и судиите кои и покрај сите закани го завршија предметот за терористите од Диво Насеље. Напротив, застана во одбрана дека треба истиот повторно да се отвори.
За разлика од сите овие случаи, Маричиќ скандалозно поименично ги прозиваше судиите во апелација кои донеле одлука да ја прифатат гаранцијата Сашо Мијалков да се брани од слобода.

Гаранција понудена од страна на одбраната на Сашо Мијалков е десет пати поголема од материјалната штета која што му се става на товар. Сепак за разлика од Рашковски, Кичеец или Диво Насеље, прифаќањето на оваа гаранција би ја разнишало довербата во судството.
