Утре претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во недела времето претпладне ќе биде со услови за појава на магла по одделни котлини, во текот на денот, пак, ќе биде променливо облачно, во крајните западни делови со локaлeн дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во понеделник времето ќе биде умерено до значително облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во вторник ќе биде претежно облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Инаку според долготрајната прогноза за Нова година не очекува облачно време и ниски температури, во текот на денот се очекува температура од 10 степени, додека првиот ден во Новата година ќе го започнеме со сонце, но и облаци.
