Шпанија ги укинала повеќето рестриктивни мерки во текот на летото, потпомогнати од високите стапки на вакцинација.
Омикрон доведе до рекордни 60.000 нови инфекции вчера, што ги натера делови од Шпанија да се одлучат за нови затворања. Бројот на починати од ковид-19 досега останал низок, со 50 смртни случаи вчера, 94 во вторникот и 29 во понеделникот, покажуваат официјалните бројки.
Најстроги мерки се преземени од Каталонија, која ќе им забранила на нејзините жители да излегуваат од дома од ноќеска од 1 до 6 часот наутро.
Провинцијата Мурсија на југот на земјата наредила затворање на продавниците и објектите во 1 часот по полноќ, со што значително се ограничила работата на кафулињата и рестораните во регионот каде што инаку остануваат отворени до раните утрински часови.
Регионот околу Мадрид, чиј десничарски лидер застанал на страната на угостителскиот сектор за време на пандемијата, се фокусира на подобро тестирање, ветувајќи дека ќе сподели 12 милиони брзи тестови за време на божиќните празници.
Состанокот на регионалните лидери свикан од премиерот Педро Санчез не резултирал со договор за други мерки освен задолжителното носење маски на отворено.
Презентирајќи ја мерката, министерката за здравство Каролина Даријас истакнала дека нема потреба од тревога.
„Не сме во иста ситуација како минатиот Божиќ. Пресвртната точка е високата стапка на вакцинација“, рече таа.
