7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Вистински хаос во ноќен клуб во Добој по дојава дека во клубот има бомба

Како што пишува „Телеграф.рс“, во моментот кога посетителите почнале да се евакуираат, на сцената пеела српската пејачка Слаѓа Алегро.

По наведената пријава постапиле полициски службеници од Полициската станица Добој 1, Полициската станица за безбедност во сообраќајот Добој и Секторот за криминалистичка полиција на полициската управа Добој. Тие веднаш излегле на местото на настанот и ги евакуирале присутните. По антидиверзантскиот увид на објектот е утврдено дека се работи за лажна пријава – соопштија од Полициската управа Добој.

За случајот е известен дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Добој.

Полициската управа Добој апелираше до граѓаните да не ја злоупотребуваат полицијата и другите субјекти кои постапуваат по ваков тип пријави и посочија дека секоја лажна пријава е кривично дело за кое е предвидена парична казна или затвор.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести