4.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Ќе помогнат ли САД за деблокада на евроинтеграциите? Пендаровски и Ескобар разговараа за билатералните односи и стабилноста на регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар на Соединетите Американски Држави.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Претседателот, биле разменети мислења за севкупните билатерални односи помеѓу Република Северна Македонија и САД, како и за состојбите во регионот.

Претседателот Пендаровски оценил дека двете држави во континуитет негуваат продуктивен политички дијалог и изразил уверување дека билатералните односи ќе продолжат да се развиваат со уште посилна динамика.

Претседателот Пендаровски ја истакнал важноста на силната и континуирана поддршка од САД во остварувањето на стратешките цели на нашата држава, од прогласувањето на независноста до денес.

Во однос на аспирациите за членство во Европската Унија, претседателот Пендаровски го реафирмирал очекувањето за скорешен почеток на пристапните преговори за членство, истакнувајќи дека деблокирањето на интегративниот процес позитивно ќе се одрази на севкупната стабилност и развојот на регионот. Во тој контекст, претседателот Пендаровски се заблагодарил за поддршката на американската администрација, и лично на заменикот помошник државен секретар Ескобар, во однос на потребата за напредокот на земјите од регионот кон ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски ја истакнал посветеноста на Република Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да придонесе за колективната безбедност и одбрана на вредностите на евро-атлантската заедница.

Претседателот Пендаровски се заблагодарил и на поканата за учество на виртуелниот Самит за демократија, во организација на претседателот на САД, Џо Бајден, што ќе се одржи на 9 и 10 декември 2021 година.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести