14.8 C
Skopje
петок, ноември 20, 2026

ВНИМАВАЈТЕ КАДЕ И КАКО ВОЗИТЕ!

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.09) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 339 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 140 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 14, 33 санкционирани мотоциклисти и едно одземено партничко возило, 63 мерки за непрописно паркирани возила и 50 возила подигнати со пајак (вкупно 113), а изречени се и 47 санкции за неносење на заштитна маска.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести