6.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Митева: Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, затоа потребни се предвремени парламентарни избори

Заминувањето на Заев не значи и заминување на заевизмот, рече Марија Митева, портпаролка на ВМРО-ДПМНЕ одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира најавата на Зоран Заев за заминување од функцијата премиер и претседател на СДСМ.

„Ако Заев смета дека со неговото повлекување и поставување на негови пиони кои ќе ги спроведуваат неговите политики ќе се смени нешто, тоа во најмала рака е потценување на граѓаните, но и дополнително тонење на државата“, рече Митева.

Според неа единствениот излез од ситуацијата во која се наоѓа Македонија се предвремени парламентарни избори.

„Соочени сме со економска, енергетска, здравствена криза. Има и инфлација, а и не сме на патот кон Европската унија“, кажа Митева.

Оттука, додаде портпаролката Митева, Зоран Заев не може да ги постигне резултатите.

„Затоа избрите се решение“, рече Митева.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести