-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ЕВЕ КОЈ НАЈМНОГУ ПРОФИТИРАШЕ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Надворешно трговскиот суфицит на Норвешка достигна рекордно ниво во октомври поради зголемените приходи од нејзините морски нафтени полиња и полиња на гас.

Приходите скокнаа, предводени од скокот на цената на природниот гас на меѓународните пазари, покажуваат вчерашните податоци на Националната агенција за статистика (SSB).

Октомврискиот суфицит изнесува 84,5 милијарди норвешки круни (9,73 милијарди долари), што е зголемување за 60,7 отсто во однос на септември, кога беше забележан претходниот едномесечен рекорд, пренесува Ројтерс.

Со дневно производство од околу четири милиони барели нафтен еквивалент, речиси подеднакво поделено на нафта и природен гас, Норвешка е најголемиот победник од неодамнешниот пораст на глобалните цени на енергијата.

Во вкупниот извоз на земјата минатиот месец, 67 отсто од приходите се од нафта, покажуваат податоците.

Најголемата норвешка државна компанија за нафта и гас Equinor забележа најсилен квартален резултат во последните девет години во периодот јули-септември, со оперативен приход од 9,8 милијарди долари.

Иако суровата нафта традиционално е најголемиот извор на приходи од извоз на Норвешка, наглиот пораст на цените на бензинот во последните месеци ја промени ситуацијата во корист на гасот.

Вредноста на извозот на гас во октомври изнесува 72 милијарди круни (8,27 милијарди долари), што е петкратно зголемување во споредба со пред една година. Истовремено, извозот на нафта во октомври изнесувал 32,7 милијарди круни (3,75 милијарди долари), што е зголемување за 71,8 отсто во однос на истиот месец лани.

Испораките на норвешки гас сочинуваат 22 отсто од вкупната потрошувачка на енергија во Европската унија минатата година, рангирана на второто место зад уделот на рускиот пазар од 34 отсто, според норвешката влада.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести