Романија е земја најтешко погодена од четвртиот бран на пандемијата, а бројките го потврдуваат тоа. Имено, стотина луѓе умираат, а во мртовечницата на најголемата романска болница нема место за смртните случаи од коронавирус. Телата на оние кои умираат од коронавирусот се завиткани во пластични кеси и се оставаат во ходниците на болницата во Букурешт, пишува AP.
Имаат ниска стапка на вакцинација, а со 19 милиони жители имаат највисока стапка на смртност во Европа.
Дури и Светската здравствена организација одлучи да им помогне во борбата против пандемијата и им испрати тим од експерти кои треба да се борат против пандемијата.
– Секој ден исчезнува по едно село – рече др. Каталин Цирстој, шеф на Универзитетската болница за итни случаи во Букурешт. Тој праша што ќе биде за две недели, дали ќе се изгуби еден град?
– Каде ќе застанеме? праша докторот.
Експертите сметаат дека голем број на смртни случаи се бележат поради ниската стапка на вакцинација. Имено, само 40 отсто од населението се целосно вакцинирани. Станува збор за ниски бројки во однос на европскиот просек кој изнесува 75 проценти.
Тоа е последица на недовербата, необразованоста, но и антивакциналните движења кои имаат силно реноме. Д-р Цирстоју се пожали дека се исцрпени физички, но и психички.
„Сето ова беше предизвикано од една работа на крајот на денот: неможноста на населението да разбере дека мора да се вакцинираат“, рече тој. Тој додава дека четврти бран немаше да се случи доколку се вакцинираа 70 отсто од населението.
Чекалната на итен прием е претворена во простор за пациенти заразени со коронавирус. Затоа, голем број пациенти прво се принудени да лежат во носилки во болничките ходници додека не се ослободи кревет.
Повеќе од 50.000 луѓе починаа од почетокот на пандемијата
Најголем дневен број на смртни случаи од почетокот на пандемијата, Романија забележа на 2-ри ноември, кога беа пријавени 591 смртен случај како резултат на коронавирусот. Повеќе од 90 отсто од нив не биле вакцинирани.
Од почетокот на пандемијата, бројот на починати е 51 илјада, а моментално 1870 пациенти се на интензивна нега.
Целата ситуација со коронавирус, која ескалира во последните две недели, ја принуди владата да воведе построги мерки. Така, во Романија, Ковид сертификатите станаа задолжителни за секојдневните активности, како што се теретана, кино, трговски центар. Тие, исто така, воведоа полициски час, што доведе до благ пад на нови инфекции и смртни случаи од коронавирус.
Во вторникот, 487 пациенти починаа од коронавирус. Експертите сметаат дека бројките се уште се високи и не очекуваат значителен пад во блиска иднина.
Во болница вообичаен дневно умираат најмногу по 10 пациенти, а минатата недела имаа 35 смртни случаи. Меѓу нив и млади од 20 до 25 години, рече др. Марија Сајин, шеф на мртовечницата на Универзитетската клиника.
– Семејствата не разбираат како толку се разболеле, а голем проблем е што не разбираат дека треба да се вакцинираат бидејќи нема лек – истакна таа и додаде дека ова се тешки времиња за сите, а само вакцинацијата може да спаси животи.
