10.8 C
Skopje
недела, ноември 22, 2026

Милевски: За 10 дена ќе имаме нова влада, можно е проширување на владејачкото мнозинство со пратениците од Алтернатива

Најавената оставка на премиерот Заев ќе биде доставена во Собранието деновиве, до средината на наредната недела веќе ќе биде познато и името на новиот мандатар, а за 10 дена, веројатно, ќе се избере и нова влада.

Оваа динамика на политичката сцена по неделните избори, но и отворените дилеми дали Заев ќе се повлече дури пред Нова година вечерва ја најави владиниот партнер на Заев – лидерот на ЛДП Горан Милевски. Тој не исклучи и нова распределба на владините ресори и нови министерски имиња.

Милевски  потврди дека Заев и денеска на владините партнери им посочил дека не се откажува од одлуката за оставката поради лошите изборни резултатите. Тој нагласи и дека очекува да се зголемува владејачкото мнозинство и тоа со пратениците на Алтернатива од која се чека одговор дали ја прифаќа ваквата понуда.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести