-1.2 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Почина притвореник во арестанското одделение на клиника во Скопје

Како што информира МВР, вчера 50 минути по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека во Одделот на арестантско одделение при комплексот клиники „Мајка Тереза” бил пронајден починат притвореник И.Т.(62), кој бил хоспитализиран.

Во соопштението на МВР се вели дека на ова лице претходно, околу 00.15 часот, му се слошило по што од лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје и по наредба на јавен обвинител телото било дадено во судска медицина за обдукција.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести