6.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Еве до кога ќе го менуваме часовникот !

ЕУ треба да ја укине промената на времето. Крајно време е, по три години советување и празни ветувања, смета Бернд Ригерт.

Ноќта од сабота кон недела, цела Европа ги поместува часовниците за еден час наназад и се префрла од летно во зимско, односно нормално пресметување на времето. Во 2018 година, граѓаните на ЕУ во онлајн анкета одлучија дека треба да се укине поместувањето на времето кое се случува на секои шест месеци.

Европската комисија и Европскиот парламент се договорија со граѓаните на ЕУ.  Само Советот на ЕУ, односно застапеноста на 27-те земји членки, од првите консултации во 2019 година, не успеа да постигне договор во тој поглед.

Ангела Меркел и нејзините колеги во Европскиот совет го игнорираа тоа прашање, нагласувајќи дека прво треба да се решат Брегзит, заштитата на климата, короната и други важни теми.

Лошо оправдување, со оглед на тоа дека во крајна линија се работи за волјата на граѓаните и дека пред европските избори во 2019 година беше ветено дека ќе се укине непопуларната и непотребна промена на времето во март и октомври.

Па, тоа не би требало да биде проблем, би помислиле обичните смртници, кои не сакаат да се занимаваат со длабочините на бирократијата на ЕУ и конфузијата на интересите на земјите-членки.

Некои земји би сакале летното сметање на времето да остане засекогаш, други не се откажуваат од зимското сметање на времето. Некои мислат дека е предоцна, а други дека прерано се стемнува. Табелите со времетраењето на сончевата светлина, времето на неговото изгревање и заоѓање секогаш се повторно анализирани. Загрижени, тие истакнуваат дека, географски гледано, цела Франција всушност припаѓа на друга, позападна временска зона, а Полска на поисточна.

Некои европратеници предвидуваат тотален хаос со времето и крај на заедничкиот европски пазар доколку секоја земја донесе сопствена одлука да го промени времето. Ова е, се разбира, глупост, бидејќи единствената пресметка на времето во ЕУ постои дури од 2002 година. А пред тоа континентот функционираше солидно.

Потребно е време и компромиси

Непријатниот аргумент за едноставно прашање ги покажува основните проблеми на ЕУ, исто така, кога станува збор за главните теми како што се короната, заштитата на климата, Кина и владеењето на правото во Полска: во суштина, земјите-членки ја одредуваат насоката.

Ако само една или две земји се противат, ништо повеќе не функционира.

Значи, нема централна власт во Брисел која би можела да одлучи за толку едноставна работа како што е промена на времето.

Потребни се компромиси  и многу време за да се дојде до решение.

Однадвор, таа сложена убавина на часовникот на ЕУ е вознемирувачка, речиси катастрофална. Заедница која по три години дебата не може да се договори за време, сака да игра важна улога во светот, во надворешната политика и да биде лидер? Смешно! Промената на времето во ноќта од сабота во недела треба да биде последна, вели Ригерт.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести