1.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Седумнаесетгодишна девојка се породила во својот дом користејќи упатство преку видео снимка на Јутјуб

Седумнаесетгодишна девојка во Индија се породила во својот дом користејќи упатство преку видео снимка на Јутјуб бидејќи ја криела бременоста од семејството, соопштила полицијата.

Полицијата против таткото (21) поднела кривична пријава бидејќи двојката сеуште била малолетна. Таа бебето го родила на 20. октомври, но нејзиното семејство за породувањето дознало после два дена кога слушнале плачење на новороденче во нејзината соба.

Тие веднаш ја однеле во болница, мајката и бебето биле добри и се опоравуваат, кажале од полиција. – Тие двајца биле во врска, еден ден дошол кај неа дома и имале однос. Кога дознала дека е бремена премолчала, не смеела да каже на родителите – соопштиле од полицијата.

Мајката на девојката која била со слаб вид не ја забележале бременоста на ќерката, а таткото кој работел како ноќен чувар едвај преку ден го гледал своеото семејство.

Таа исто така носела широка облека која доста и помогнала во прикривање на стомакот, пренесува Independent.

– Проучувала се за пороѓајот, гледала видео за бременост. Снимката за породување ја гледала се додека и таа не се породила, дури и самата ја пресекла попчената врвца – велат од полицијата.

Двете семејства знаеле за нивната вска и планирале да направат свадба кога таа ќе наполни 18 години. Таа од двете семејства ја премолчала бременоста плашејќи да не предизвика несогласување меѓу нив.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести