5.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

196 граѓани примиле трета доза вакцина

Во текот на вчерашниот ден и во вторникот, како што информираат од Министерството за здравство, аплицирани се вкупно 9.307 дози вакцини, од кои 1.830 се аплицирани како прва доза, 7.281 се ревакцинирани, а 196 граѓани примиле трета доза вакцина.– Заклучно со 13 октомври вкупно се вакцинирани 797.214 граѓани, ревакцинирани се 756.176, а трета доза примиле 982 граѓани.  53% од граѓаните над 40-годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина, велат од МЗ.Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 47% , а со две дози опфатени се 45% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести