Во новата емисија на “Лазаров Шоу”, Стефан ја носи суперпопуларната млада пејачка Антониа Гиговска. Нејзините хитови буквално ги освојуваат срцата на публиката, толку млада, но со големо музичко искуство зад себе, талентот го насочува во вистински правец и дефинитивно е една од ретките на естрадата која буквално го живее својот сон.
Ги прати музичките, но и модните трендови, а како се снајде во улога на гостин во “Лазаров Шоу”, ќе мора да погледнете во недела во 16:00 часот, само на јутјуб каналот на Лазаров.
