Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро вчера изјави дека гледа три можности за својата иднина – победа на изборите во 2022 година, затвор или смрт.
„Имам три алтернативи – да ме уапсат, да ме убијат или да победам“, рече Болсонаро, а кратко потоа додаде дека првите две опции не доаѓаат предвид, бидејќи „ниту еден човек на земјата не може да му се заканува“, пренесе Ројтерс.
Изјавите на Болсонара дојдоа во време кога тој го прегледуваше бразилскиот електронски изборен систем, заканувајќи дека нема да ги прифати изборните резултати.
Тој додаде дека ја поддржува употребата на печатени гласачки ливчиња, бидејќи смета дека електронските ливчиња се подложни на измама.
Според Ројтерс, Болсонаро е втор однос на популарноста, веднаш зад првопласираниот поранешен бразилски претседател, левичарот Луис Ињасио Луланде да Силва.
