“Животот е лавиринт полн со изненадувања. Понекогаш не сме свесни за вредностите на животот-среќата, радоста но и тагата што ја чувствуваме. Толку сме занесени од секојдневието што забораваме што е вистинската среќа на животот- нашите блиски да се здрави и живи, да се во наша околина. Драган беше човек што го разбираше животот на некој свој уникатен начин, со свои принципи и норми. Дражо беше нашиот другар и нашиот брат, брат кој секогаш мислеше за доброто на другите, човек што секогаш стоеше зад својот збор и никогаш не го прегазуваше.

Но дојде тој час, часот на плачот- 19ти август во 22 часот. Одекнаа сирените но не беа погласни од плачот наменет за прерано изгаснатиот живот на нашиот брат и другар Драган. Со многу љубов и почит се надеваме дека на најдостоинствен начин те испративме горе на небото иако се што направивме малку е за тебе. Сите бакли, сите солзи пролеани за тебе не беа доволни за тебе, што и да направиме никогаш нема да згасне болката, болката на загуба на таков голем човек каков што беше Дражо. Но после се нашата љубов према тебе секогаш ќе остане најдлабоко во нашите срца бидејќи таму вечно ќе живееш. Нека ти е лесен и светол патот горе меѓу ангелите. Чувај не сите нас и гледај ја љубовта што ти ја праќаме. Те сакаме сите и чувај се!” – напишаа неговите другари.
