Најпопуларните македонски јутјубери, ЏП и Лазаров ги здружија силите и направија вистински бум на јутјуб. Првата песна “Рекорд” ја лансираа пред само една недела и ја “бетонираа” на првото место на трендинг. Веќе денес лансираа нов хит, овој пат на јутјуб каналот на Лазаров. “Нула до сто” е името на песната која само што зема залет, а дуото како што дознаваме во петок во еден скопски клуб ќе го има својот прв заеднички настап.
Медиа.мк ја поздравува соработката и ги подржува да продолжат да го прават тоа што најдобро го знаат, а публиката со сигурност ќе возврати со љубов.
