Поранешниот политичар и актер Арнолд Шварценегер (74) во интервју рече што мисли за луѓето кои одбиваат да се придржуваат кон мерките што треба да го спречат ширењето на короната:
– Вирусот е таму, убива луѓе и единствениот начин да се ослободите од него е со вакцинација, носење маски и оддалеченост. Треба постојано да ги миеме рацете и да не мислиме дека нашата слобода сега е загрозена. „Заеби ја слободата“, рече тој за Индипендент.
Тој објасни дека луѓето не можат да прават што сакаат ако тоа влијае на другите луѓе, затоа ги спореди „корона мерките“ со сообраќајните правила:– Поставивме семафори за некој да не убие некого во несреќа, не можете да кажете дека нема да застанете на црвено светло, бидејќи тогаш некого ќе убиете – рече тој.
„Можеби имате слобода да не носите маска, но треба да ги чувате оние околу вас“, додаде тој.
Арнолд објави и видео на кое зборува за актуелниот проблем на својот профил на Инстаграм, па тоа предизвика лавина реакции.

Додека некои се согласија со него, многумина му рекоа дека ги разочарал и да се тргне од политиката:
„Отсекогаш бевте мој пример, но оваа ваша порака навистина ме разочара“, му напишаа.
