Брајан Милер, возач на камион од Охајо, доживеал клиничка смрт поради срцев удар што го добил додека ја отворал приколката од камионот.
Почувствувал дека нешто не е во ред со него, повикал брза помош и им рекол дека мисли дека има срцев удар. Кога пристигнал во болница, повеќе не бил свесен, но на почетокот успеале да го оживеат и да ја отстранат блокадата. Сепак и покрај сите напори, имал фибрилација на срцевите комори.
„Немаше чукање на срцето, немаше крвен притисок и немаше пулс“- вели медицинската сестра Емили Бишоп. Лекарот се обидел да го оживее четири пати, но не успеал. Како што раскажува Брајан, додека лекарите правеа напори да го вратат, тој беше во небесниот свет и опиша како изгледаше:
„Единствено на што се сеќавам е дека видов светлина и тргнав кон таа светлина. Патот беше преполн со цвеќиња и одев кон белата светлина, додека не налетав на мојата маќеа, која неодамна почина. Таа беше најубавото нешто што го видов, беше како првиот ден кога ја сретнав, изгледаше толку среќна “- раскажува Милер и додава дека се сеќава дека го фатила за рака и рекла дека неговото време сѐ уште не дошло:„Не е твое време, не треба да си тука, мораме да те вратиме назад, имаш недовршени работи“ – се сеќава тој.
По 45 минути, пулсот му се вратил.
„Неговиот мозок не доби кислород 45 минути, фактот дека оди, зборува, се смее, е неверојатен“- вели зачудената медицинска сестра.
