11.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

Приведено лице од Скопје поради пукање со огнено оружје на семејна веселба


На 05.08.2021, околу 08.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишиле од слобода Ј.А.(27) од Скопје, поради сомнение дека извршил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“, казниво по член 396 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно преземени мерки утврдено е дека Ј.А. пукал со огнено оружје на семејна веселба, при што со наредба од судија на претходна постапка извршен е претрес во неговиот дом каде е пронајдена муниција која тој бесправно ја поседувал.

Ј.А. е изведен пред судија на претходна постапка, при што му е одредена мерка притвор во времетрање од 30 дена.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести