Жешките температури по се изгледа дека оставиле поголеми последици кај одредени поединци сакале да се покажат хумани и да им помогнат на своите миленици.
Неколку жители на Нови Сад добиле несекојдневна идеја и решиле да го избањаат својот коњ за да го разладат од жештините. Заради неговата големина, немале широк многу избор и отишле во автоперална, зеле жетони и почнале да го бањаат.
На снимките, животното не се буни, но коментарите на социјалните мрежи жестоко ја критикуваат постапката.
„Дали некој ја знае процедурата за пријава на овие идијоти?“, „Дали се овие нормални?! Водата е врела, а притисокот сече колку е силен“, „Средството за перење автомобили е баш добро за кожата на коњот која е тенка и тоа под притисок од неколку бари… Не се сите будали исти“, „Го вратиле од технички и му рекле дека не му се миени прозорите“, „Немој толку од блиску мајмуне, плус со хемија за автомобили, треба истото некој да му го направи па да види како е, говедо малоумно“, напишале од снимката.
Погледнете го видеото ТУКА.
