6.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

НЕ ПРОПУШТАЈТЕ! ТАМАРА ТОДЕВСКА ВО “ЛАЗАРОВ ШОУ” НА УРНЕБЕСЕН НАЧИН ОТКРИВА ШТО МИСЛИ ЗА AUTO-TUNE (видео)

Првата сезона на “Лазаров Шоу” завршува со една од најдобрите пејачки во Македонија, Тамара Тодевска.
Таа е секогаш во фокусот на јавноста поради песните за кои се врзуваат сите генерации, поради моќниот глас и интерпретација, поради тоа што на социјалните мрежи секогаш гласно кажува што има да каже и објавува многу, за неа драги моменти од приватниот живот. Тамара Тодевска направи бум откако го објави новиот спот и песна „Порок“. Ексклузивно во “Лазаров Шоу” открива како се снаоѓа во новиот музички стил, но и на урнебесен начин открива што мисли за користење на “auto-tune”.

Секогаш насмеана и позитивна, но и без влакна на јазикот одговори на сите прашања кои Стефан Лазаров ги подготви. Тамара откри кои се нејзините идни проекти и кога може да ги очекуваме.

Ќе слушнете и со кои македонски изведувачи подготвува заеднички проект, и секако вашиот омилен дел, рубриката “Луто пиперче”.

“Лазаров Шоу” со оваа емисија ја комплетира првата сезона, а ние медиа.мк и Стефан Лазаров веќе од септември подготвуваме нов поголем проект и втора сезона “Лазаров Шоу”, со малку поинаков концепт и со ново студио.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести