Кинезот Гуо Гангтанг повторно се сретна со неговиот син по дваесет и четиригодишна потрага за време на која со мотор минал повеќе од 500.000 километри низ целата земја
Синот на Гангтанг бил киднапиран пред 24 години пред семејна куќа во провинцијата Шандонг, а киднапиран бил од двајца шверцери на луѓе.

Киднапирањето на неговиот син служело како мотив за филмот во 2015 година, во кој глуми ѕвездата на Хонг Конг, Енди Лау.
Киднапирањата на децата се голем проблем во Кина, каде годишно се киднапираат неколку илјади деца.
Министерството за јавна безбедност соопшти дека полицијата го пронашла киднапираното дете со помош на ДНК анализа. Подоцна биле пронајдени и уапсени двајцата осомничени за киднапирање.
Жената, која за време на киднапирањето била во врска со осомничениот маж, го видела момчето додека само играло пред семејната куќа и го однела на автобуската станица. Нејзиниот тогашен партнер ја чекал таму.

Синот на Гангтанг беше киднапиран во 1997 година, а тој го барал со мотор во повеќе од 20 провинции низ Кина. Лепел постери со фотографии од неговиот син и ја потрошил целата заштеда. Спиел под мостови и просел кога останал без пари.
Барајќи го синот, тој станал истакнат член на кинеската организација за потрага по исчезнати деца, а досега помогнал во решавање на седум случаи.
