Вакцината против коронавирус, развиена од „Johnson & Johnson“, работи добро против делтата, кој сега е доминантен во Јужна Африка, изјави денеска претседателот на Советот за медицински истражувања во таа земја, Гленда Греј.
- Сите податоци што ги гледаме укажуваат на добар непосреден и одржлив имунолошки одговор против делта соеви и забележуваме изненадувачко траење на имунолошкиот одговор до осум месеци за единечна доза на „Johnson & Johnson“, рече Греј на прес-конференција.
Јужна Африка ги користи вакцините „Johnson & Johnson“ и „Pfizer/BioNTech“ во кампањата за имунизација на населението, потсетува Ројтерс.
