Никос Аравантинос, телохранителот на американскиот мултимилионер Дан Билзеријан, кого го нарекуваат Крал на Instagram, бил задржан во болница откако бил брутално претепан од група на 15 млади луѓе, пренесуваат грчките медиуми.
Нападот врз Аравантинос се случи во четвртокот вечерта. Претходно го повикаа да дојде во неговиот хотел, бидејќи „група на загреани туристи“ започнаа да прават проблеми.
Кога пристигнал во хотелот пристапил кон група Французи и Мароканци и ги замолил да заминат. Наместо да го послушаат, тие скокнаа врз него и почнаа да го тепаат додека не паднал.
Никој не дошол на помош на Аравантинос, а младите престанале да го тепаат кога помислиле дека го убиле.
